Работен состанок во Леверкузен – Германија

Во неколкудневна работна посета на Леверкузен на Германија, градоначалникот на Општина Тетово, г-дин Биљал Касами и директорот на ЈП,,Тетово Транспорт” – Тетово, г-дин Рафиз Мејдија оставрија работна средба со градоначалникот на Леверкузен, г-дин Uwe Richrath.
Леверкузен е репрезент на организиран јавен градски превоз, а споредбата на искуства и идеи за имплементација на високи европски стандарди и модели на работа е од голема помош за ЈП ,,Тетово Транспорт” – Тетово.
На наше огромно задоволство,изразена е добра волја за понатамошна соработка помеѓу Леверкузен и Тетово. Состанокот помина во одлична атмосфера.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *